АктуелноОхрид

Лице од Струга насилно го зел своето возило подигнато од шлеп службата и заминал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (51)г. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.

На 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и стартувал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, а кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.