АктуелноОхрид

Пронајдена марихуана во патничко возило кај лице од Велгошти

На 27.02.2025 во 23.50 часот, на паркинг простор во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа лице на (41)г. од истото село.

При преглед во патничко возило „рено“, во кое бил со  лице на (28)г од Велгошти, кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и стаклен предмет со семки од канабис.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.