Црвен Крст Охрид, и оваа година продолжува со обезбедување на бесплатна социјална услуга лична асистенција на лица со попреченост. 
Оваа значајна услуга се реализира благодарение на поддршката од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Р.С.М. 
Целта на оваа услуга е да се овозможи подобар квалитет на живот за лицата со попречености, преку индивидуализиран пристап кој обезбедува поддршка во секојдневните активности, како и промовирање на социјална инклузија и самостојност на корисниците. 
Со имплементација на оваа услуга, Црвен Крст Охрид продолжува да придонесува за еднакви можности за сите граѓани на Охрид и Дебрца, создавајќи услови за повисоко ниво на социјално учество и интеграција на лицата со попречености во заедницата, а тоа се: 
– создавање услови за повисоко ниво на социјално учество на лицата со попречености (социјална интеграција и инклузија) 
– спречување на институционализација 
– подобрување на квалитетот на живот на лицата со попречености 
Што е личната асистенција и како ние работиме:
1. Во однос на возраста:
– лична асистенција за деца 
– лична асистенција за возрасни 
– лична асистенција на стари лица 
2. Во однос на местото:
– лична асистенција дома 
– лична асистенција во установа за социјална заштита 
– лична асистенција на училиште 
– лична асистенција на работа 
– лична асистенција во здравствени установи 
– лична асистенција во јавните служби и сл. 
3. Во однос на видот на попреченост:
– лична асистенција за лица со моторни нарушувања (тешка и најтешка телесна попреченост) 
– лична асистенција за слепи лица 
4. Во однос на содржината на активностите:
– физичка поддршка и помош 
– когнитивна поддршка и помош 
– психосоцијална поддршка и помош 
5. Во однос на времето на спроведување на активностите:
– секојдневна поддршка и помош 
– повремена поддршка и помош 
– привремена поддршка и помош 
5. Нашите принципи за лична асистенција:
– сеопфатност 
– навременост 
– континуитет 
– тимска работа 
6. Фази на лична асистенција:
– запознавање на личниот асистент со конкретната задача 
– запознавање на личниот асистент и корисникот на услугата 
– договарање за времето и динамиката на давањето услугата 
– развој на доверливи односи 
– психосоцијална поддршка и лична помош 
– евалуација на квалитетот на дадената услуга 
7. Пристапи во работата:
– индивидуален 
– прогресивен 
– активен 
– користење на преостанатите способности 
8. Ниво на помош:
– специфична помош 
– поддршка (помош) 
– набљудување (надзор) 
9. Воспоставување на услугата со учество на корисници на услугата лична асистенција:
– дефинирање на потреби на корисникот 
– избор на услуги и одредување на време и место на користење на услугата 

– избор на личен асистент 
– учество во подготовка на протоколи и работни листи (договорни услуги) 
– проценка на задоволство од добиената услуга 
10. Личната асистенција ја обезбедува личен асистент – специјално обучено лице, кој поседува соодветни знаења, вештини и техники. 











