АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана кај лице од Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (18)г. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При контрола извршена на улицата „ Нико Нестор“, во Струга, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана по што го лишија од слобода.