На 17.01.2025 година во 18.50 часот, во струшката населба „Плитишта“, лишен од слобода е лице на (43) од Охрид.
Тој претходно, во близина на казино, лоцирано на истата улица, со својот автомобил „Мерцедес“, удрил во паркирано возило „Голф“ по што се обидел да го напушти местото.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.