На фотографии и видео кое ни го испратија граѓани на Струга се гледа како земјиштето околу објектот кој се гради во центарот на градот, како псоледица на силниот дожд се рони и лизга, а граѓаните алармираат дека се загрозени околните објекти и главната сообраќајница.
Како што јавуваат граѓаните, никој не реагира за ова, иако барале да дојде инспекција, се појавил само еден инспектор од локалната самоуправа и тој не презел ништо.
ОБЈЕКТОТ Е ЛЕГАЛЕН
Според информациите не е точно дека објектот е дивоградба. За објектот кој се гради инвеститорот ја има целата потребна документација и има дозвола за градба.
ЕДНА КУЌА ЦЕЛОСНО ОТСЕЧЕНА
Во една од околните куќи, кои според јавувањето на жителите, повеќе не може да се влезе или излезе, живее старица од околу 90 години, и една бремена жена. Двете жени сега се во незавидна состојба бидејќи според јавувањата на граѓаните тие повеќе неможат ни да влезат ни да излезат од куќата.