АктуелноОхрид

12 ученици предводени од координаторите на проектот психолог Даница Скрческа и наставник Сања Митаноска беа во посета на Бор, Република Србија

Во период од 24-30 ноември, 12 ученици  предводени од  координаторите на проектот психолог Даница Скрческа и наставник Сања Митаноска беа во посета на Бор, Република Србија.
Деновите поминати во Бор беа исполнети со учење , соработка, дружење и пријателство.
Првиот ден започнавме со меѓусебно запознавање и работилници за Младински активизам, каде што споделувавме идеи и заеднички креиравме решение за позитивни промени во нашите заедница.
Вториот ден беше посветен на гастрономските  традиции на нашите краишта, со дегустација на јадења и размена на приказни кои ги придружуваат. Попладневните активности беа обележани со теми на националните малцинства во Бор, нагласувајќи ја важноста на меѓукултурниот дијалог и разбирање.
Третиот ден учениците ги истражуваа природните убавини и традиции на руралните области на Бор, а особено беше истакната улогата на туристичките техничари од училиштето од Бор кои  ги претставија локалитетите што ги посетивме.
Четвртиот ден учениците креираа и спроведоа анкета за меѓукултурен дијалог, анализираа фотографии во рамките на фото-игра и ги споделија своите впечатоци со локалните медиуми.
Петтиот ден на дружење меѓу учениците помина во анализа на резултатите од анкетата и се креираа планови за идна соработка преку on-line клуб,,Мостови“ @club_bridges ,  кој беше создаден од учениците пред да се остварат средбите.
Во знак на трајно сеќавање на ова искуство засадивме дрво на пријателство пред училиштето, а вечерта беше резервирана за вежбање на заедничка песна која заедно ја дизајниравме и за меѓусебно и убаво дружење.
Втората размена на учениците ќе биде во Охрид, на која ние ќе бидеме домаќини,  а ќе се одвива во период од 23 март-29 март 2025 година.
Со почит
Даница Скрческа
РЦСОО,,Ванчо Питошески“-Охрид