Значаен археолошки локалитет пронајден во Волино. Дознаваме дека во моментов местото кое е приватен имот е целосно затворен и видни археолози од земјава се на терен.
Извори за Охрид 1 кажуваат дека е пронајдена златна маска, златници и ред други значајни пронајдоци. Дознаваме дека археолозите се сомневаат дека кога ќе се истражи целиот потег ќе се пронајдат многу значајни предмети и се сомневаат дека има „Цел град“ под земјата.