петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

Приведени рибокрадци во Охрид – во кајчето имало три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми

62 и 43 годишни Охриѓани рано утрово биле приведени од охридската полиција откако биле фатени на брегот на Охридското Езеро откако биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото. Во кајчето имало три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми.

Тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица. Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.