АктуелноОхрид

Мицкоски за автопатот Кичево-Охрид: Пред почетокот на туристичкаата сезона ќе биде пуштен делот од Арбиново до Охрид со искучок кај селото Ботун каде се појавија свлечишта

Aвтопатот Кичево-Охрид не беше во приоритетите на претодната влада, објасни премиерот Христијан Мицкоски во поткастот кај Лазаров.

Тој уверува дека до крајот на 2026 година автопатот целосно ќе биде пуштен, а до почетокот на следната туристичка сезона и еден дел.

-Има надеж иако беше заборавен во изминативе седум години.Беше запуштен и оставен на забот на времето. Министерот за транспорт и директорот на државните патишта вложуваат голема енергија. Пред почетокот на туристичкаата сезона ќе биде пуштен делот од Арбиново до Охрид со искучок кај селото Ботун каде се појавија свлечишта а потоа и оној дел од Пресека кон спуштњето надолу кој очекувам да биде пуштен до крајот на 2026-та.

извор: Република