петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Лишен од слобода 39 годишен охриѓанец – во викенд куќа во Љубаништа, која тој ја користел, пронајдени се марихуана и засадени растенија

На 04.10.2024, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, од слобода лишија 39 годишен жител од Охрид. При претрес во викенд куќа во охридското село Љубаништа, која тој ја користел, пронајдени се марихуана и засадени растенија. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

извор: СВР Охрид