АктуелноОхрид

Лолеска: Благодарност до градоначалникот за издвоената поддршка за здружението Ретко е да си редок, но апелирам парите да се пренаменат за лекување на Бојана!

Благодарност до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид за Издвоената финансиска поддршка за здружението Ретко е да си редок!
Но како претседател на истото целосно се откажувам од средствата и упатувам апел да се пренаменат за лекување на нашата сограѓанка Бојана!
Ја користам оваа прилика да ги повикам сите наши граѓани,но и сограѓани и општествено одговорни компании да помогнат да се спаси уште еден човечки живот, напиша на својот ФБ профил претседателот на здружението здружението Ретко е да си редок, Гордана Лолеска.