четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

При претрес во дом на охриѓанец пронајдени марихуана и остатоци од канабис

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (46) години  од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и метален грендер со остатоци од растението канабис.