АктуелноОхрид

(ВИДЕО) ОЈО поднесе обвинителен акт за две лица кои изградиле дивоградба во центарот на Охрид

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27-ми јули 2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност, информираат од Основното јавно обвинителство од Охрид.

Додаваат дека против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.

Инаку Само еден час од како градоначалникот на Охрид одговарајќи на прашање на Советник , кажа дека општината ги завршила сите работи кои се во нејзина надлежност, а се однесуваат на зградата дивоградба која се изгради на ул. Димтиар Влахов, од ОЈО Охрид до медиумите испратија соопштение со кое ја информираа јавноста дека оформиле предмет за овој случај и поднеле обвиненија против две лица инволвирани во уривањето на претходниот објект и бесправното градење на новата зграда која има квадратура и габарит повеќекратно поголем од претходниот објект и која е целосно изградена на диво, без да никакво одобрение и дозвола.

Одговорот на градоначалникот го пренесуваме во продолжение: