АктуелноОхрид

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков дел од 27. Конгрес на Друштвото на хемичари и технолози за климатски промени

Имав чест, денес, да бидам дел од 27. Конгрес на Друштвото на хемичари и технолози за климатски промени. Особено сум горд што Охрид е избран за град каде се одржува овој значаен настан.
Вредностите на овој древен град, во осумдесетите години од минатиот век ги препознала меѓународната стручна јавност и на нивни предлог Охрид и Охридското Езеро, како природно и културно наследство од светско значење се заштитени од УНЕСКО. Посебно треба да се истакне уникатноста на Охридското Езеро и неопходноста од негова заштита. Сето тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот на заштитата на вековното природно и културно богатство.
Уверен сум дека преку презентациите на научните согледувања и дебати, во текот на овие два дена, ќе придонесат за подигнување на јавната свест за значењето на климатските промени и нивното влијание.