На 24.09.2024 во 13.40 часот, на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, лице на (60) од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај презема мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило кој не застанал да му пружи помош на моторциклистот, туку веднаш го напуштил местото, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи