Во пресрет на главната манастирска слава на Свештената Пречистанска Обител, во спомен на раѓањето на Богомајката, нашата застапничка пред Бога, ја имаме честа да ве поканиме:
петок, 20ти Септември
18:00 ч. – празнична Вечерна богослужба, на која ќе началствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а ќе претстојат Митрополитот Повардарски г.Агатангел и секако нашиот највозљубен Старец и Епископ Антаниски – г.Партениј.
Во текот на богослужбата, една искушеничка( Душица) од нашето сестринство ќе биде вброена кон рамноангелскиот монашки чин.
сабота, 21 септември
7:00 ч. – утрена богослужба.
8:45 ч. – пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополит г.Илија од Финска и Старецот и Епископ Антаниски г. Партениј.
9:00 ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија.
Потпирајќи се со цврста вера на Онаа Која е поширока од Небесата и Која Го роди Спасителот наш, ве очекуваме со голема радост заеднички да го прославиме роденденот на Мајката Божја и Мајката наша! Воедно, ќе учествуваме заеднички и во молитвите при чинот на монашкиот потстриг на нашата сестра. А за сето тоа да биде целосно исполнето со најубавото источно православно пеење, ќе помогнат нашите најдраги пријатели од Света Гора: архимандритите о. Матеј, о. Антипа, о. Херувим, монаси, псалти и други гости.
Ви посакуваме да го понесете со себе благословот од средбата со: чудотворната икона Богородица Крнинска, Пречистанските Светии Евнувиј, Пајсиј, Аверкиј, чесните мошти на Света Параскева и повторно да доживееме духовно и телесно исцеление и обновување!