Денеска (16.09.2024) во 07.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид -Ресен, во близина на кракот кон селото Свиништа, патничко возило „фолксваген пасат”, со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (57) години од струшкото село Октиси, излетало од патот.
Во несреќата, возачот и сопатникот на возраст од (63) од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.