АктуелноОхрид

Утре молебен канон за благослов на новата учебна година во црквата Св.Никола Враништа

01.09.2024 година Недела десетта после Педесетница.Света Литургија во Храмот Св Никола с.Враништа од 8 часот.
После Светата Литургија ќе се изврши молебен канон за благослов на новата учебна година.
Драги дечиња како што сте пример во нашава Света Православна Црква,во нашава парохија така да продолжите успешно да ги исполнувате зададените ви училишни задачи,та да бидете од полза за нашава Света Црква,за нашава Република Македонија и гордост на своето семејство.Посебен апел упатувам до сите родители да ги донесете дечињата, а посебно оние кои за прв пат од оваа година ќе седнат во училишните клупи првачињата.
Ви посакувам успешна и од Бога благословена училишна година.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.