АктуелноОхрид

ДЕН 8-OHRID WATER FESTIVAL 2024

Во организација на Суп клуб Охрид беше одржан рекреативниот настан „ Суп јога“ во водите на Охридското Езеро.
⛵Продолжија натпреварите од „МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024“ на кој се натпреваруваат екипи од Франција, Грција, Полска, Шпанија и Македонија.
🐟Во рамки на едукативната програма на фестивалот вчера беше реализиран „Отворен ден“ во Хидробиолошкиот завод каде што најмладите имаа можност да се запознаат со научната дејност и да научат нешто повеќе за живиот свет во Охридското Езеро.
🥧Во организација на Slow food Ohrid вчеравечер на платото пред хотелот „Палас“ беше одржана промоција на охридска традиционална храна и производи од овој регион.
🖼️Во организација на нуркачкиот клуб „Акватек“ вчеравечер беше отворена изложба под наслов „Нешто сино“ на која беа изложени фотографии од подводниот свет снимени на различни локации во езерото.
🎤Публиката имаше можност да ужива во музичкиот дел од програмата за кој беа задолжени Наум Петрески, Милован Секулоски & Група Сарај.
✅Денеска на програмата се настаните:
➡️Охридски пливачки маратон 2024 Св Наум – Охрид
➡️МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024
➡️Доделување награди за најдобрите од Охридскиот маратон
➡️Доделување награди за најдобрите од МЕЧ РЕЈС Европскиот куп
➡️Изложба: Победниците на охридски пливачки маратон
➡️Концерт: СУПЕРХИКС