АктуелноОхрид

37 миот Охридски пливачки маратон успешно започна

37. Охридски пливачки маратон успешно започна.
Мирни води и успех на сите пливачи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков

Учество ќе земат вкупно 19 пливачи од девет земји, 11 во машка и 8 во женска конкуренција, кои ќе пливаат од Св. Наум до Охрид. Покрај домашните пливачи, на маратонот ќе учествуваат и пливачи од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово. Република Македонија ќе ја претставуваат Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и Росана Гошева. Наградниот фонд на маратонот изнесува 12.000 евра, од кои 2.000 евра се предвидени за најбрзите во двете конкуренции на две контролни бови.

Оваа година маратонската трка е дел од престижната „LEN World Aquatics“.

Организатор е Општина Охрид со поддршка на Претседателот на Република Македонија, Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор на настанот е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.