АктуелноОхрид

Ноќва без вода неколку улици во Охрид, поради дефект

Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 21:30 часот и во текот на ноќта без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Карпош Војвода“, „Ванчо Питошески“ , „Билјанини Извори“ и „Никола Карев“.
Санацијата на дефектот ќе се врши во раните утрински часови, а прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на истата, информираат од ЈП Водовод.