АктуелноОхрид

(ФОТО) Пецаков заедно со секретарот на општината остварија средба со претставниците на Американскиот совет на млади политички лидери

Заедно со секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, денеска, остваривме сребда со претставниците на Американскиот совет на млади политички лидери. Ова е втора средба што ја имаме остварено во Охрид со претставници од Советот.
На средбата разговаравме за начинот на кој функционира Локалната самоуправа и за тоа како е поставен политичкиот систем на функционирање. Разговаравме и за културно историските знаменитости на градот, како и за УНЕСКО.
Заедно беше констатирано дека веќе добро воспоставената меѓусебна соработка треба дополнително да ја продлабочуваме со конкретни чекори.
Во рамки на оваа соработка во 2022 година бев гостин на Американскиот совет на млади политичари во Америка, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.