Ноќеска на ул. Сирма Војвода пред општата болница избила масовна тепачка помеѓу семејствата кои продаваат лубеници во камиони од Струмичко. Во тепачката користеле прачки, бекатон плочки кои ги корнеле од тротарите и други предмети. Тепачката екалирала до толку што почнале едни на други да фрлаат преку улица, па автомобилите кои во тој момент поминувале биле принудени да застанат за да не бидат погодени со бекатон плочки или друг предмети, откриваат за Охрид1 жителите од тој дел на Охрид.
Ова не е прв пат да избие ваков инцидент помеѓу дивите продавачи на лубеници. Години наназад истите дообиваат пријави од комуналниот инспекторат и од полицијата, но… еве ги и годинава на истата локација. Тие оваа локација која не е наменета за пазар, ја окупираат повеќе од 10 години. Против законски се сметуваат и продаваат лубеници. Не само што продаваат туку тие и „живеат“ во камионите и шаторите, по што во околината се шири миризба. Го окупираат просторот со импровизирани тезги, ставаат фотељи на патот, истовараат роба од која дел скапува.
Инаку инцидентот кој изби ноќеска граѓаните го пријавиле во СВР, па полицијата веднаш реагирала. Следи пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а дали ќе се превземат други санкции ќе видиме денеска…