недела, ноември 17, 2024
АктуелноОхрид

(Видео) Рождество на Свети Јован Крстител – Иванден

Денес со славна радост се радуваме, заедно со Ангелите и со Светиите, бидејќи ја славиме благословената зора на раѓањето на Светиот Јован Крстител, великиот пророк и претеча на нашиот Господ Исус Христос. Со умиление и благодарност го чествуваме овој ден, кога Господ со Својата бескрајна милост му го дари на светот овој избран сад на благодатта, кој со својата светост го осветли патот на Спасителот.

Древната и Свештена Бигорската Обител на Господовиот Претечата го слави раѓањето на својот покровител, заштитник, застапник, охрабрувач, умудривач, воспитувач и посредник за своите населници – монасите, а и за целиот род на христоименитите, незаборавниот и секогаш спомнуваниот и во молитви непрестајно призиваниот, големиот Свети Јован. Најголемиот проповедник, слаткоречивиот архиереј Свети Јован Златоустиот, призна дека човечката уста не може достојно да го пофали оној кого устата Христова го пофали. Со голема благодарност кон нашиот мил Свет Јован за знајните и незнајните доброчинства кон нас и со топли молитви за сите Христијани, беше прославена една од главните манастирски слави, денешниот панигир.

Торжеството започна со празнично бдение, а утрово беше отслужена Света и Божествена Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше нашиот возљубен Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј. Околу Светата Трпеза заедно со Старецот сослужуваа браќата архимандрити, јеромонаси и јероѓакони од Обителта, како и гостите од Црквата на Бугарија: Архимандритот о. Никанор и јерејот о. Симеон, и нашите драги браќа свештенослужители: протопрезвитер-ставрофор о. Златко Пуреовски од Радовиш, презвитерот о. Павел Крцоски од Охрид и презвитерот о. Емил Атанасов, кој допатува од Канада.

 

Нашиот сакан Старец, владиката г. Партениј, на монасите, монахињите и верните кои го преполнија манастирскиот католикон богомудро им беседеше за главната порака на нашиот најмил Свети Јован Пречеа и Крстител: