Охрид

Кривична пријава за две лица од Охрид и едно лице од Куратица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24 и 25 годишни охриѓани како и против 24 годишно лице од охридското село Куратица, поради постоење основи на сомнение дека сите заедно сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ а едно од лицата го сторил и кривичното дело „Спречување на докажување“.

На 14.06.2024 година во 21.55 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, на улицата „130“ во Охрид, извршија преглед во помошен објект што го користел едно од лицата и притоа пронајдоа предмети со траги како и опаковки со кокаин и марихуана што претходно ја набавиле другите две лица наменети за натамошна препродажба на наркозависници. При прегледот, лицето се обидел да уништи дел од пронајдените опаковки. Тројцата беа лишени од слобода а судија на претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

извор: СВР ОХРИД