АктуелноОхрид

(ФОТО) Фудбалскиот меч Србија-Данска вечерва се гледа на Кеј Македонија пред хотелот Палас

Фудбалскиот меч Србија-Данска вечерва се гледа на Кеј Македонија во Охрид пред хотелот Палас.

Инаку селекцијата на Србија вечерва го игра најважниот натпревар на Европското првенство и само со победа против Данска би играла во осминафиналето.

Новак Ѓоковиќ кој беше во Лондон изминатите денови успеа да најде време да биде на трибините во Минхен и да даде поддршка на српската репрезентација да дојде до победата. Српскиот ас пред почетокот на теренот беше на теренот, а се поздрави и директно со фудбалерите за потоа облечен во дрес да се качи на трибините.