Драги сограѓани,
Мои Охриѓани,
Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште има луѓе кои си ја сакаат таковината. Во изминатиов период остварив многубројни средби. Се сретнав со голем број луѓе. Разговаравме на различни теми кои го засегаат нашето општество. Разговаравме за идеи, проекти и за тоа како да го подобриме секојдневното живеење. Но, она што најмногу преовладуваше во нашите разговори беше како да ја вратиме татковината на народот, истакна кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ, за ИЕ5.
Во продолжение истата ја пренесуваме во целост:
Драги сограѓани,
Одговорот на тоа како да ја вратиме татковината на народот е едноставен, а тоа е масовно излегување на изборите на 8. Мај и давање поддршка за ВМРО – ДПМНЕ. Ајде сите заедно да обереме луѓе кои се чесни, достоинствени. Луѓе на кои може да им се верува, луѓе кои ги сакаат и ги поддржуваат обичаите и традициите, луѓе честити што искрено си ја сакаат државата. Во изминативе две години покажавме дека знаеме лавовски да се бориме за добробит на сите. Затоа реализираме проекти кои се од значење за сите. Градиме нови училишта, ги реновираме постоечки. Инвестираме во најмладите, даваме поддршка за она што е значајно за Охрид, за настани кои имаат долгогодишни традиции, како Охридскиот пливачки маратон и спортот воопшто. Создаваме нови манифестации кои ја збогатуваат туристичката понуда на градот. Како никогаш до сега се инвестира во подобрувањето на инфраструктурата во градот со реконструкција и изградба на модерни сообраќајници и уште многу други проекти.
Ајде масовно на 8ми мај, сите заедно да ставиме крај на овој црн облак кој надвиснал на нашата татковина Република Македонија. Да дадеме придонес во изгревањето на Сонцето на слободата. Судбината е во наши раце. Македонија заслужува да биде повторно на народот. Македонија заслужува да биде повторно ГОРДА. Да заокружиме број 2!
Господ да Ве Благослови!
Господ да ја Благослови Република Македонија!
извор: ФБ Сашо Донев