АктуелноОхрид

Министерот Тошковски во посета на ОВР Струга

На средба со раководството на Одделението за внатрешни работи Струга бев запознаен со нивната тековна работа, постигнатите резултати како и проблемите со кои се соочуваат.
Безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива ОВР Струга е стабилна и во првото тромесечие од 2024 година не се евидентирани посериозни настани од безбедносен интерес. Во делот на имотните кривични дела има мало зголемување, но од нивна страна се преземаат потребните мерки и активности за сузбивање на овој вид криминал, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во објавата министерот додава:

Како позначаен постигнат резултат во делот на сузбивање на криминал поврзан со недозволена трговија со дрога и оружје го истакнаа апсењето на 23 лица на територија на ОВР Струга во координирана акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Што се однесува до материјално-техничките средства го потенцираа недостатокот на возила особено во ПО Велешта кое покрива голема територија, а во моментот нема ниту едно возило. Од аспект на човечки ресурси и овде пополнетоста е на многу ниско ниво.

За претстојните избори направен е план за безбедно спроведување на изборниот процес и се преземаат сите мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности.

извор: ФБ Панче Тошковски