АктуелноОхрид

20 годишниот Берат Наџаку од Охрид еден од десетте најдобри бармени на државниот натпревар

20 годишниот  Берат Наџаку од Охрид кој се натпреваруваше во категоријата “Најдобра техника во подготовка на коктели” влезе во 10 те најдобри во полуфиналето на државното првенство.

„ Работев во „Ликвид кафе и клуб“ и тука го стекнав моето најголемо искуство. Многу му сум заблагодарен на мојот менадџер и шеф Владимир Китевски (Ките). Единствено нешто што можам да кажам за коктеливе е дека “Најважна состојка во секој коктел е љубовта што му ја подаруваме на коктелот”, вели Берат Наџаку за Охрид 1.