АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од Дебрца кој бил затекнат при нелегална сеча на огревни дрва од шума

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против 36 Годишно лице од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „кражба“. Тој, на 23.01.2024 година, во близина на охридското село Вапила, е затекнат при нелегална сеча на огревни дрва од шума во приватна сопственост.

извор: СВР Охрид