недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Бог се јави – Навистина се јави! За многу години „Богојавление Водици“

Православните верници денеска го слават Богојавление – Водици, голем христијански празник во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос.

Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“.

Празникот кај народот е познат и како Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден – во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.

Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа ,а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Со Водици завршуваат некрстените денови.