четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Две лица од Скопје инволвирани во нелегално одобрение за градба на индивидуална стамбена зграда во Охрид

 

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, како и против Б.А.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на минатата година, Д.Л. во својство на службено лице- вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал одобрение за градба на индивидуална станбена зграда во Охрид. Б.А. како сопственик и инвеститор на градбата, без потребна техничко градежна документација, изградила повеќе катови од дозволеното, со што двајцата се стекнале со противправна имотна корист