АктуелноОхрид

Професорите Климе Попоски и Бојан Србиноски од ФТУ, дел од проект за одржливост во осигурителниот бизнис поддржан од страна на Владата на Баварија

Професорите Климе Попоски и Бојан Србиноски заедно со професорот Мирко Крафт од Универзитетот за применети науки во Кобург беа дел од проект за одржливост во осигурителниот бизнис поддржан од страна на Владата на Баварија❗🇩🇪 🇲🇰
🎓 Во рамките на проектот нашите професори имаа еднонеделна посета на Универзитетот за применети науки во Кобург, Германија 🇩🇪 каде остварија состаноци со претседателот на Асоцијацијата за научни истражувања во осигурувањето во Германија (DWfVW), г-динот Волфганг Вејлер, и еден од раководителите на Центарот за регулатива во осигурувањето во Германија, г-динот Хелмут Грундл. 🤝
👨🏻‍🏫 Дополнително, нашите професори одржаа предавања за студентите на универзитетот во Кобург за како осигурителниот бизнис може да придонесе кон одржливиот развој. ♻️ 🌎 🍃
🧑🏻‍💼 Конечно, професорите учествуваа на реномираната годишна конференција на Европскиот регулатор за пензии и осигурување (EIOPA) во Франкфурт 🇩🇪 која претставува уникатно место за размена на мислења за политиките во пензискиот и осигурителниот бизнис во Европа помеѓу регулаторите, супервизорите, осигурителниот бизнис и академијата.