АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Катерина Трајчевска и Тошо Трајанов oд Охрид водaт компанија регистрирана во САД – заеднички водат милионски бизнис и семејство

Во најновата епизода од поткастот „Што го врти светот“ гостуваа Катерина Трајчевска и Тошо Трајанов, парот кој ја создаде Адева. Компанијата има седиште во Америка, а работи со таленти од над 40 земји во светот. Интересно е дека сопствениците ја водат компанијата од Охрид. Тие ја основале фирмата на само 24 години, а денеска заеднички водат милионски бизнис и семејство.

За „Што го врти светот“, Тошо и Катерина зборуваат и за „придобивките“ од носењето на работата дома, кога сте бизнис партнери со животниот партнер. Со оглед на тоа што од Охрид водат компанија во Америка, логично беше да се отвори и темата за работење од странство. Интересни се ставовите за тоа во која насока Вештачката интелегенција ќе го движи светот и дали можеби ќе донесе до промена на економијата која ја знаеме.

Adeva е македонска стартап компанија која работи со софтверски компании и технолошки стартапи. Основната услуга на компанијата е помош при создавање или проширување на програмерски тимови со дистрибуирани програмери (софтверски инженери, дизајнери и инженери за контрола на квалитет). Компанијата има детален процес на избор и оценка на талентите со кои работат, а особен акцент ставаат на личните одлики на талентите. Компанијата има започнато и поддржано бројни иницијативи за развој на технолошкиот и еко-системот на стартапи во Македонија, како на пример Femalebootcamp, GoogleIO и Hacktoberfest. Adeva е основана во јануари 2015 година од двајца софтверски инженери со цел поврзување на локалните таленти со врвни стартапи од САД, но подоцна се имаат проширено и на пазарот во Европа. Во ноември 2016, компанијата била издвоена како компанија на иднината од страна на локалниот медиум Reborn.

извор: мкд.мк

фото. мкд.мк