АктуелноОхрид

Приведен Охриѓанец кој го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на полициски службеници

На 01.07.2023 година во 04.30 часот, во СВР Охрид приведен е 39 годишен охриѓанец кој, претходно на улицата „Партизанска“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на полициски службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид