АктуелноМакедонија

Бакраческа: Цената по која се гради, роковите за изградба и бројните коруптивни зделки се дел од сомнежите кои произлегуваат од тајниот договор за изградба на коридорите

„На самиот почеток од мојата дискусија во однос на предлог закон за изменување и дополнување на законот за експропријација сакам да бидеме начисто за една работа, никој не е против изградба на автопати. Но, имаме сериозни забелешки во однос на условите под кои ќе се гради“, истакна Грација Бакраческа, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Бакраческа посочи дека цената по која ќе се гради, роковите за изградба и бројните коруптивни зделки во кои се сомнева јавноста затоа што никој го нема видено склучениот договор.

„Велам дека имаме оправдани сомнежи заради договорот кој е склучен без јавни тендери и скриен од очите на јавноста. Заради износот од 300 милиони евра за експропријација на земјиштето каде што ќе поминуваат трасите. Заради нетранспарентноста и тајноста што не смее да биде тајна затоа што се работи за буџетски пари. Овој закон за изменување и дополнување на законот за експропријација е последниот закон кој оди по скратена постапка што подразбира непочитување на уставниот поредок на државава“, укажа пратеничката.

Таа додаде дека веќе е јасно дека за минување на криминалот се злоупотребува европското знаменце со склучување на скандалозниот договор на „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10Д.

Извор: ВМРО ДПМНЕ