АктуелноОхрид

Охриѓанката Ангела Јолакоска меѓу десетте најуспешни жени менаџери од државава и регионот за 2023 година

Ангела Јолакоска од охридски „АСП-ПАК“ меѓу десетте најуспешни жени менаџери од државава и регионот, кои Агенција „Марили“ ги избра за 2023 година.

Покрај Јолакоска, која работи како финансов менаџер во „АСП-ПАК“, статуетките „Жена водилка“ годинава ги добиваат: Драгица Устапетрова Атанасова генерален менаџер на „Импера Плус Инженеринг“ Скопје, Наташа Денковска Бојковски, генерален менаџер на „Бучен Козјак“ од Куманово, Јасминка Вангелова, генерален менаџер на „Интерфуд вендинг кафемати“- Скопје, Маја Станковска Костова, генерален менаџер на Кроација Осигурување Живот Скопје, Марија Костуранова, генерален менаџер на „Диоптра оптика“, Скопје, Маја Кузмановска, генерален директор на „Бизнис Академија Смилевски“ БАС, Весна Чемерска Попова, генерален менаџер „Фуџи Дент“, Кавадарци, Аракси Микаелијан, генерален менаџер „Инфо Тим Логистика“, Војводина, Србија и Санија Мурати – НВО „Лејди“ од Косово.

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2023“ ќе се одржи на 27-ми мај во Скопје.

 

ohridpress.mk