Во пресрет на Велигденските празници, а како израз на висока општествена одговорност и хуманост, традиционално и оваа година членовите на ОСМТГ Командерија Св. Наум Охридски – Охрид во соработка со Црвен крст Охрид, денес доделија хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.
















