Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби, најавуваат преместување на границата кај „Ќафасан“, со што патот до Албанија би се скратил за околу 20 километри.
– Последната идеја што ја изнесовме и потпишавме меморандум пред Нова година со премиерот на Албанија Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балуку во Албанија, е да го преместиме граничниот премин, односно границата веќе да не биде на „Ќафасан“ поради висината, туку да се спуштиме подолу во селото Радолишта, поврзувајќи го со селото Кукеш во Албанија. Со тоа патот би се скратил за 15 до 20 километри, објавија од Владата на Република Македонија.
тв21