АктуелноОхрид

(ФОТО) Поради дефект на водоводната мрежа – неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата “Гоце Делчев “, вклучувајки ги и сите споредни улици

Поради дефект на водоводната мрежа на улицата ” Гоце Делчев” ( пукната цевка со профил ф200 мм – салонит), настанат во раните утрински часови, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: “Гоце Делчев “, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата “Македонски Просветители” до крстосницата со улицата ” Бистрица”.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата.

извор:ЈП Водовод – Охрид