петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

Општина Струга донесе одлука за рестрикции на јавното осветлување

Општина Струга донесе одлука за рестрикции на јавното осветлување, поради енергетската криза.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за ТВ21 изјави дека јавното осветлување ќе биде исклучено во 23 часот, бидејќи во спротивно нема да можат да си ги дозволат високите сметки.

„Сега дојде сметка од 8 милиони за јули, 10 милиони за август, почнавме со рестрикции, поставивме „тајмери“ секаде од 23 до наутро сакаме да бидат исклучени уличните светла. Ова ќе биде мерка, доколку ситуацијата ескалира, постои можност рестрикцијата да трае подолго“, вели Рамиз Мерко.

 

TV21