АктуелноОхрид

(ФОТО) Реакција на жители од ул.„Галичица“ и „Никола Карев“ по хаваријата на канализационата мрежа

И после 10 дена од настанатата хаварија на канализационата мрежа помеѓу улиците „Галичица“ и „Никола Карев“ сеуште никој од надлежните не превзел ништо да се санира проблемот, велат жители од овие две улици во допис до нашата редакција.

Тие реагираат дека покрај водата со фекалии која е на површината од асфалтот, се шири и неподнослива смрдеа и реа која се додека не се санира проблемот мора да ја трпат.