петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

Физички напад врз лице во комплексот „Св.Наум“, употребен и стаклен предмет

На 19.09.2022 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со лице на (58) години  од Охрид затоа што околу 15.30 часот во комплексот „Св.Наум“ физички го нападнал  лицето на (30) години  од Охрид и притоа употребил стаклен предмет.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

СВР Охрид