АктуелноОхрид

СВР: Пронајдено починато лице во месноста „Краста“, атар на охридското село Лескоец

На 11.09.2022 година во 13 часот во СВР Охрид, пријавено е пронајдено починато лице во месноста „Краста“, атар на охридското село Лескоец. Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Р.Ѓ.(51) од селото Лескоец чија смрт, без траги на насилство е констатирана од лекар на Итната медицинска помош Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

извор: СВР Охрид