среда, ноември 20, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Новиот крал Чарлс пред 24 години беше во посета на Охрид – шеташе низ пазарот а купи и домашна ракија

Британскиот крал Чарлс III денес се враќа во Лондон од замокот Балморал во Шкотска каде во четвртокот почина неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Чарлс, кој има 73 години и е најстариот монарх кој се качил на тронот, треба да одржи телевизиско обраќање до нацијата по повод смртта на кралицата, што е негово прво обраќање.

Кралот, исто така, ќе ја одржи својата прва аудиенција со премиерката Лиз Трас во Бакингемската палата. Елизабет ја назначи Трас на нејзината нова позиција како премиер во вторникот, само два дена пред да почине.

Малкумина знаат дека новиот британски Крал Чарлс пред 24 години беше во посета Македонија. Имено во ноември 1998 година, Чарлс беше во Охрид. Присуствуваше на отворање на канцеларија финансирана токму од британските фондови. Од оваа посета не можат да се најдат многу информации но фотографии има.

Од пред 24 години датира и фотографијата на тогашниот принц со гитаристот Влатко Стефановски. На средбата Влатко на Чарлс му го подарил цедето од тогаш новиот албум „Џипси Меџиќ“.

Освен тоа на Гугл може да се пронајдат фотографии и како тој имал посета со првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, но и дека бил во работна посета на Охрид.