АктуелноОхрид

Предаден во употреба културно-историскиот дом во Требешништа

Во Требеништа, Општина Дебрца, во присуство на претставници на Инвеститорот- Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Надзорниот орган, Изведувачот на работите и крајниот корисник на објектот- Општина Дебрца, беше извршен технички прием и предаден во употреба овој културно-историски дом.
Изминативе неколку месеци во внатрешниот дел извршена е целосна реконструкција на сите главни и помошни простории со што се овозможува понатаму да се организираат средби, манифестации, ликовни и друг вид поставки од интерес на граѓаните од оваа општина. Вкупната внатрешна корисна површина на објектот е 503 м2, а покрај тоа подобрена е енергетска ефикасност на објектот со изведбата на термо фасада.
Вкупната инвестиција е 3,8 милиони денари, при што поголемиот дел од средствата се од националниот буџет преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, а дел на средства за реконструкцијата обезбеди и Општина Дебрца.
Центар за развој на Југоападен плански регион