АктуелноОхрид

(ФОТО) Охридската гимназија ги отвори вратите за своите средношколци со изведба на гимназиската химна „Деца сме на Свети Климент‟ во изведба на ученичката Јана Ѓурчева

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Денес, Охридската гимназија ги отвори вратите за своите средношколци со изведба на гимназиската химна „Деца сме на Свети Климент‟ од ученичката Јана Ѓурчева.

 

Најбозбудени беа учениците во прва година кои денеска го отпочнуваат четиригодишното средно образование. Топло добредојде им посакаа Директорката Светлана Велкоска, нивните класни раководители и предметните професори.

На  средношколците добредојде им посака и светски познатиот музички уметник  Владимир Четкар, на кого училиштето искрено му се заблагодари  што ја прифати поканата да го означи стартот на новата школската година.

Четкар ги поздрави учениците од прва година и со нив ги сподели своите средношколски спомени. Им посака успешна година и ги поттикна да бидат свои, да не потклекнуваат пред предизвиците и секогаш да се стремат напред.

извор и фото: Гимназија