сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Историскиот Архив – Охрид презеде материјал кој датира од 16 век па се до 1865 година во сопственост на семејството Охризаде

Огромна е честа што денес во Архив Охрид се презеде материјал кој датира од 16 век па се до 1865 година во сопственост на семејството Охризаде. (ЗАМИСЛЕТЕ 16 век)
Благодарение на службите во Архив Охрид и пред се на господинот Тургут Хајдар (Охризаде), овие документи од денес се чуваат во депото на охридскиот Архив.
Ќе се започне со превод и „лечење“ на самите документи со што се надеваме дека за брзо време ќе произлезе и нова книга за семејството Охризаде.
За мене останува уште пронаоѓање на една лична Архива на најголемиот ОХРИЃАНЕЦ и време е за пензионирање, напиша на својот ФБ профил директорот на Историскиот Архив, Никола Митровиќ Бабе.

извор: ФБ Никола Митровиќ Бабе