четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Делегација од Приједор – Босна и Херцеговина во посета на општина Охрид

Делегација на Општина Приједор  од Босна и Херцеговина предводена од Претседателот на  градскиот Совет,  Мирсад Дуратовиќ  и  раководителот на општинскиот сектор за култура, Монја Касаловиќ, денеска  беше на прием кај  градоначалникот Кирил Пецаков.

На работната средба се разгледуваа можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Приједор во повеќе општествени сфери пред се  туризам, култура и образование.

Заеднички беше заклучено дека само со посредство на туристички оператор може да се донесат поголем број на босански туристи на охридската ривиера кои годинава се побројни во однос на претходните. Се разгледуваа и можностите  за размена на ученици, односно  средношколци од Охрид да зимуваат во Охрид, а ученици од Приједор да летуваат во нашиов град.

На   состанокот се разгледуваа можностите за организирање „Охридска вечер“ во Приједор односно туристичка  и културна промоција на Охрид во Босна и Херцеговина како и заедничко настапување пред меѓународни фондови.

 

 

општина Охрид